logo

Maestro Cleaning

Blog Image
Пишувано од: Глигор Декември 16, 2025

🍷 Како да ги отстраните дамките од црвено вино?

⏱️ Секому може да му се случи да истури црвено вино на тепих или мебел – и веднаш настанува паника дека дамката никогаш нема да се исчисти. Но нема потреба од грижи. Важно е да реагирате брзо.

  • 1. Најпрво, со чисто памучно крпче внимателно впијте го вишокот вино. Не тријте, туку само тапкајте, за дамката да не се прошири.
  • 2. Потоа врз свежата дамка нанесете убава количина сол. Солта ќе го впие преостанатото вино и ќе ја извлече бојата. Оставете да делува околу 5 минути.
  • 3. Потоа исплакнете ја површината со студена вода и тапкајте повторно со суво крпче. Доколку остане трага, повторете ја постапката додека дамката целосно не исчезне.

🧼 За уште подобар ефект, по последното плакнење можете да нанесете малку газирана вода – меурчињата помагаат да се подигне бојата од ткаенината.

✨ Овој едноставен трик брзо ќе ви го спаси тепихот и ќе спречи дамката да се впие длабоко.